Круз Бекам, 19-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам, објави тизер за својот претстоен сингл и ги воодушеви обожавателите. На Тикток и Инстаграм, Круз сподели снимка од студиото, каде што е со пријател.
Целосниот сингл сè уште не е објавен, но обожавателите со нетрпение чекаат да се појави на платформите за стриминг.
@cruzbeckham For ya love
„Ова е навистина одлично“, „Автентично. Искрено. Уникатно. Стара школа“, „Секоја чест за момчето. Научи да свири на својот инструмент и помина години усовршувајќи го. Звучи одлично“, се само некои од коментарите.