(Видео) New Kids on the Block снимија нова песна по 12 години

Најпопуларниот бој-бенд од 1980те години, New Kids on the Block сними нов сингл по 12 години. Песната Home Party е снимена во добротворни цели, за да го крене духот и да се соберат пари во борбата против коронавирусот. Освен момците од бендот, во песната гостуваат и Boys II Men, Џордин Спаркс и уште неколку музичари.

„Разговаравме со фановите, тие прашуваа за нови песни и јас им реков дека можеби некој од нашите пријатели музичари го слуша ова и ќе ни испрати музика. Буквално, еден час подоцна во мојот телефон имаше порака, музика, и јас седнав и почнав да ја пишувам House Party“, рече Дони Валберг, член на бендот, во разговор со „Си-ен-ен“.

Стиховите одговараат на сегашноста кога многумина се самоизолираат. Песната, пак, треба да ве натера да станете и да заиграте, вели Дони. Песната почнува со порака: „За оние што го губат умот, треба да се сетите дека и во најлоши времиња можеме да направиме да ни е најдобро“. Средствата од продажбата на песната преку унтернет ќе одат во непрофитната организација „Да нема гладни деца“, чија цел е да се спречи глад на децата среде пандемијата со коронавирусот.

За потсетување, бендот од Бостон беше првиот бој-бенд што доживеа светска слава. Џордан и Џонатан Најт, Џои Мекинтајар, Дони Валберг и Дени Вуд првиот сингл го снимија 1985 година и постоеја како група д 1994. Групата се реоформи во 2007 година, а следната година го издадоа нивниот последен албум. Пред шест години New Kids on the Block добија своја ѕвезда на Холивудкската патека на славните.

Scroll to Top