(Видео) Никој не сака да го следат секој ден, Џенифер Лопез им рече на папараците да ја остават на мир

Пејачката Џенифер Лопез со сопругот Бен Афлек не сакаат премногу да се покажуваат во јавност, но кога се заедно секогаш се на мета на папараците. На една таква последната средба со нив таа им порача дека повеќе не сака да ја следат и да ја сликаат.

Една од фоторепортерките сакаше да им честита за свадбата и ги снимаше, а пејачката ѝ порача да ја остават на мира.

„На никого не му се допаѓа да го следат секој ден. На никого“, ѝ рече Лопез жената која ги снимаше, а која само ѝ одговори дека ја разбира и сакаше да ѝ честита.

Снимањето не му се допадна ни на Бен, кој исто како и Лопез често ги избегнува папараците. За потсетување, Лопез и Афлек се често на мета на папараците, особено откако се венчаа во Лас Вегас.

Scroll to Top