(Видео) Никол Кидман ги покажа ќерките на наградите за Златен Глобус

Австралиската актерка, Никол Кидман на виртуелното доделување на Златните глобуси, се појави опкружена со своето семејство, сопругот Кит Урбан и двете ќерки, од нивниот дом во Нешвил.

Иако вообичаено не се појавуваат заедно на јавни настани, Никол Кидман, ја искористи можноста што годинешните Златни глобуси, поради пандемијата, беа претежно организирани преку виртуелно јавување. Па пред доделувањето на наградите за најдобра актерка во ТВ-драма, Кидман се појави виртуелно од нејзината дневна соба во куќата во Нешвил, во која живее со години, придружувана од нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан и нивните две ќерки, дванаесет-годишната Роуз и десет-годишната Фејт Маргарет.

Никол не ја освои наградата, бидејќи за најдобра актерка беше прогласена Ања Тејлор-Џој со улогата во ТВ серијата „Дамин гамбит“. Никол и честита на колешката и изјави дека семејната среќа и е поважна, од филмските награди.

Иако не мораше да го напушти сопствениот дом за да се појави на Златните глобуси, актерката сепак се облече како за на црвениот тепих. се заблагодари на модната куќа „Луј Витон“ за црниот фустан,  украсен со златни детали, а посебна благодарност испрати за нивниот главен дизајнер, Николас Гескиер.

„Во нашето семејство, жените се мнозинство. За мене не постои двоумење помеѓу моите деца или кариерата, децата се секогаш на прво место. Дури и Кит понекогаш мора да побегне со гитарата. Само забележувам дека го нема, и по кратко пребарување го наоѓам како свири. Тогаш знам дека морам да му дадам простор“, рече Кидман за семејството и животот со кантри музичарот, со кого се омажи во 2006 година.

За Кидман тоа е втор брак. Прв пат се омажи во 1990 година, со холивудската sвезда Том Круз, со кого посвоија две деца, ќерката Изабела Џејн во 1992 година и синот Конор Ентони во 1995 година Бракот им заврши во 2001 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Scroll to Top