(Видео) Никол Кидман се расплака на доделувањето: „Ова е за мојата покојна мајка“

Никол Кидман освои награда на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс за нејзината изведба во Babygirl. Наградата и ја посвети на својата покојна мајка.

Кидман најпрво и се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја вработила, а потоа ја спомнала нејзината мајка и истакнала дека се уште тагува. На крајот таа се расплака.

„Ви благодарам што ми дадовте можност да кажам – ова е за мајка ми. Целата моја кариера е за мајка ми и тато, кои повеќе не се тука. Ќе продолжам да работам и да му враќам на светот затоа што го сакам она што го работам. Многу сум благодарна што ја имам привилегијата да бидам дел од филмската заедница“, рече таа.

Scroll to Top