(Видео) Новиот трејлер за Бетмен со 18 милиони прегледи

Филмското студио „Варнер Брос“ го претстави трејлерот за новиот филм „Бетмен“, во кој главната улога ја толкува Роберт Патисон.

Режисер е Мет Ривс, кој рече дека сакал да ја прикаже темната, мрачна и насилна верзија на Бетмен. Во филмот за првпат го слушаме гласот на Патинсон како зборува за сигналот за лилјак.

„Стравот е оружје. Кога светлината ќе го погоди небото, тоа не е само повик. Тоа е предупредување“, рече Ривс во трејлерот којшто има повеќе од 18 милиони прегледи.

Покрај Патисон во улогата на Бетмен, тука се и Зои Кравиц во улогата на „жената мачка“, Колин Фарел како Пингвин и „бетмобилот“ на Бетмен.

Scroll to Top