(Видео) Објавен е првиот трејлер од документарецот за Хари и Меган, за помалку од еден час собра 67.000 прегледи

Нетфликс го објави трејлерот за документарен филм за принцот Хари и Меган Маркл. Кратки разговори помеѓу Хари и Меган, беа објавени како и досега невидени фотографии од парот.

Во видеото може да се видат нивни селфи фотки, како и од венчавката на која немаше новинари, но и  фотографии од војвотката во поодмината бременост со малата Лилибет која се роди минатата година.

Меган во трејлерот вели дека таа и Хари сакале да ја раскажат својата приказна. Трејлерот веќе нашироко се споделува на Твитер, а на Јутјуб за помалку од еден час собра 67.000 прегледи.

 

Scroll to Top