Веќе е потврдено дека американската серија „Сексот и градот“ ќе добие уште една сезона, а продукцијата, со претставувањето на трејлерот, реши да открие уште неколку детали за новите епизоди.
Во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Ситнија Никсон и Кристин Дејвис. Актерката Ким Катрал, која ја глуми Самната, не прифати да биде дел од проектот. Продуцентите открија дека новата сезона носи 10 нови епизоди и секоја од нив трае по половина час.
Новата сезона се вика „And just like that…“, а актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи. Сара Џесика Паркер кратко со видеото напиша:
„Не можев да не се прашам каде се сега?
Продукцијата објави дека оваа сезона ќе го следи животот на три 50-годишни жени во Њујорк, односно нивните врски, пријателства, кариери.