(Видео) Објавен трејлер за четвртиот дел од „Џон Вик“ со Киану Ривс

By

Излезе првиот трејлер за најновото продолжение на акциониот блокбасер „Џон Вик: Поглавје 4“, во кој Кијану Ривс повторно го глуми титуларниот убиец. Фановите во новиот тизер ќе можат да ја видат една од најдобрите акциони сцени, пресметката меѓу Кијану и суперѕвездата од Хонк Конг, Дони Јен.

dobivaj vesti na viber

Ривс е долгогодишен акционен херој од времето на „Брзина“ и „Поинт брејк“, а сега како „Џон Вик“, ќе се бори против акциониот глумец, Дони Јен. Филмот се снимаше во Јапонија, Јордан, Германија, Франција и САД.

Ривс ја репризира улогата на убиец кој сака кучиња во серијалот кој започна како приказна за одмазда, која потоа се претвори во сопствена верзија на стилска бруталност, а на крајот стана модерна студија за естетизација на насилството.

Ќе ви се допадне