(Видео) Објавен трејлерот за новиот филм на Астерикс и Обеликс во кој Ибрахимовиќ ќе глуми негативец

Излезе трејлсерот за новиот филм „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“, во кој глуми и шведскиот фудаблер Златан Ибрахимовиќ. Во филмот напаѓачот на Милан ќе ја има улогата на негативец.

Ќе го глуми војсководачот Антивирус, на кого Цезар му ја довери задачата да го уништи познатото галско село и единствената територија во Галија која Римјаните не можат да ја освојат.

Фановите коментираат дека едвај чекаат да го гледаат. За потсетување, петтото продолжение за Астерикс и Обеликс чини 60 милиони евра и стана еден од најскапите во историјата на француската кинематографија.

Scroll to Top