(Видео) Објавена прва нова песна на Џорџ Мајкл

Досега необјавена песна на Џорџ Мајкл премиерно беше пуштена денеска на „Би-би-си радио 2“. Песната е насловена како  „This Is How (We Want You To Get High)“, а била снимена во 2015 година. Песната сега е на саундтракот на филмот „Минатиот Божиќ“, инспириран од неговите песни.  Ова е прва нова песна на Џорџ Мајкл во последните седум години и е објавена неполни три години по неговата ненадејна смрт.

Ема Томпсон, која го напиша сценариото за филмот и е во главна улога, неодамна изјави дека Мајкл ѝ дал благослов да направи ваков филм.

„Тој беше најфиното момче што можете да замислите. Ги сакаше сите теми од филмот, зашто имаше голема социјална свест. Бев многу ентузијастична за филмот и почнавме да работиме на него, кога Џорџ ненадејно почина за Божиќ 2016. Многу ми недостига“, кажа Томпсон.

Scroll to Top