(Видео) Омилената пејачка објави „жешка“ снимка и го „сруши“ интернетот

Музичката група „The Pussycat Dolls“ беше популарна во 2000-тите, а ја освои поп-сцената со хитовите „Buttons“, „Don’t Cha“ и „I Don’t Need A Man“.

Нивните песни се уште се популарни денес, па затоа не е изненадувачки што оваа музичка група одлучи да ги „оживее“ носталгичните спомени на некои фанови ширум светот. Сепак, групата нема да биде во целосен состав, туку ќе се појави како трио – за жал.

Никол Шерцингер, Ешли Робертс и Кимберли Вајт се враќаат со нов сингл „Club Song“, а почетокот на нивната светска турнеја е најавен за јуни.

Веста ја објавија на сите социјални мрежи, а „жешки“ снимки се појавија на Инстаграм најавувајќи ја нивната турнеја. Дамите позираа во разни комбинации од латекс, а нивните витки фигури сè уште ги красат.

Секако, главната пејачка – Никол Шерцингер – привлече големо внимание, бидејќи повторно ги покажа своите бујни гради, завидна фигура и прекрасно лице.

Scroll to Top