(Видео) Откако го презеде Маск, и Џим Кери го напушти „Твитер“

Откако Илон Маск го превзеде „Твитер“, поради неговите контроверзни нови правила, многумина ги згаснаа нивните профили. Меѓу нив е и Џим Кери кој се прости на бизарен начин. Во последната објави сподели необична анимација од светилник и гол човек.

„Си заминувам од „Твитер“, но ви оставам анимација која ја направив со мојот пријател Џими Хејворд. Станува збор за слика од луд, стар чувар кој стои гол до светилник среде бура и ги повикува анѓелите. Со лампата го осветлува патот низ темната ноќ. Ве сакам сите“, им рече Кери на фановите.

Анимираното видо го прикажува светилникот среде бура додека во позадина се слуша ирска музика. Брзо потоа се појавува црвенокосиот човек, кој е целосно гол и почнува да пее за анѓелите кои го исполнуваат местото со светлина и вода низ бурата во темната ноќ, цврсто држејќи ги шевовите на едрата.

„Ќе си запалам мој светлник. До зорите. Слатки анѓели ме слушате ли како се молам“, пее црвенокоскиот човек, а потоа гром го погодува светилникот кој почнува да се намалува додека анимацијата станува психоделична и настанува тишина. Реакциите се поделени. За едни е ремек-дело, аа други налудничаво.

„Ќе ни недостигаат твоите уметнички дела кои ни го сочувуваа разумот недопрен. Фала ти многу. Немој да си заминеш Џими. Уште можеме да се забавуваме“, се само некои коментарите.

Неколку часа пред прошталната порака и американскиот музичар Моби исто така објави дека го напушта „Твитер. Социјалната мрежа ја нарече септичка јама на расизам.

„Ова ќе биде мојот последен твит. Синоќа Маск објави алтернативно десно антисемитско меме, лажна приказна на „Си-ен-ен“ и слика од оружје на неговото ноќно плакарче.  Ова стана септичка јама на расизам, антисемитизам, дезинформации и глупа алт-десничарска омраза и време е за заминување“, напиша Моби.

Scroll to Top