(Видео) Откако излезе од болница, Мадона пак танцува: Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот

Пред точно еден месец, кралицата на поп музиката Мадона (64) заврши во болница поради бактериска инфекција. Пејачката полека закрепнува и објави видео како се чувствува. Рече дека извесно време не можела да стане од кревет и дека е благодарна што сега барем малку можела да се помрдне.

„Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот бидејќи можам барем малку да го движам телото и да танцувам. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели. Вие сте моите среќни ѕвезди“, рече Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Пејачката има уште една причина за славење, за првиот албум „Madonna“ кој прослави 40-годишнина.

За потсетување, пејачката пред еден месец беше итно пренесена во болница, откако била пронајдена во несвест. Била интубирана најмалку една ноќ пред да ѝ биде отстранета цевката. Поради инфекцијата,  ја одложи турнејата која требаше да започне на 15 јули со концерт во Ванкувер.

Scroll to Top