(Видео) Откако ја изневери Шакира, Пике замина во Париз каде се сликаше со Ирина Шаек

Откако ја изневери Шакира со двојно помлада девојка, Пике замина во Париз да го гледа НБА натпреварот меѓу Детроит и Чикаго. Таму е виден со руската манекенка Ирина Шаек, која се сликаше со него.

Медиумите пренесоа дека не изгледал среќно и дека патувањето во Париз било бегство од притисокот кој му ги направија медиумите и пејачката во Барселона.

За потсетување, Шакира неодамна објави песна во која го исмеа заради аферата, во која пее дека заменил „Ферари“ за „Твинго“, и „Ролекс“ за „Касио“. Песната за 10 дена беше видена повеќе од 166 милиони пати на „Јутјуб“. Освен на Пике ја исмеа и неговата нова девојка, студентката Клара Марти.

Scroll to Top