(Видео) Памела Андерсон прошета без шминка на црвениот тепих

Памела Андерсон уште еднаш се појави во јавноста без шминка и со тоа докажа дека не е роб на воспоставените стандарди за убавина.

Овој пат Андерсон присуствуваше на доделувањето на модните награди во Лондон. Таа со насмевка на лицето позираше пред присутните фотографи. Памела се одлучи за бела облека и врзана коса.

Таа претходно сподели дека одлучила да престане да се шминка откако нејзината шминкерка Алексис Вогел почина од рак на дојка.

„Таа беше најдобра. Без Алексис, само мислам дека е подобро да не се шминкам”, рече Андерсон.

Оваа одлука ја смета за ослободувачка и забавна бидејќи го прави спротивното од она што го прават сите други. Таа за прв пат се појави без шминка пред неколку месеци на модната недела во Париз.

„Ако сите бркаме младост или формираме идеал за убавина врз основа на она што го гледаме во списанијата, тогаш ќе бидеме разочарани или малку тажни“, рече таа тогаш.

Scroll to Top