(Видео) Парис Хилтон се пофали дека доби дијамантски свршенички прстен од два милиона долари

Американската наследничка на хотелите „Хилтон“, Парис Хилтон, се пофали дека добила дијамантски свршенички прстен, кој чини два милиона долари. Таа објави слики и видео од моментот кога нејзиното момче Картер Реум ја побара за жена на 40. роденден.

На својата веб-страница parishilton.com таа објави и видео како дизајнерот го црта прстенот специјално за неа. Овој модел ќе го носи нејзиното име. Масивниот дијамантски прстен се состои од главен дијамант, а околу него има десетици помали дијаманти.

„Нејзиниот свршенички прстен е помеѓу 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената е речиси 2 милиона долари“, изјави Кетрин Мани, која е специјализиран продавач на дијаманстки прстени во компанијата Brilliant Earth.

„Тоа е импресивен прстен. Класичен дизајн што ги означува минатото, сегашноста и иднината, многу убаво дизајнирано. Со врвен квалитет на дијамант, го проценувам прстенот од 1,5 до 2 милиона долари”, изјави Денис Степански, основач и сопственик на It’s Hot Diamond Jewelry and Watches.

Парис се пофали на својата страница, а притоа ја сподели и информацијата дека се ангажирани најдобрите експерти и занаетчии за да ѝ го направат свршеничкиот прстен, но објави и видео од дизајнот на својот скапоцен свршенички прстен, рачно насликан во студиото на Жан Дусе, наследникот на Луј Картие.

„За овој специјален проект се собрани најдобрите обработувачи на дијаманти и златари“, напиша Парис на својата страница.

За потсетување, ова ѝ е четврта свршувачка на Парис Хилтон, претходно беше срвшена во 2002, 2005 и во 2018 година, но ниеднаш не се омажи.

Scroll to Top