(Видео) Парис Хилтон со свршенички прстен од 2 милиони долари

Парис Хилтон, една од наследничките на хотелите „Хилтон“ се сврши со своето момче, актерот Крис Зијка. Крис ја побара Парис за жена со прстен вреден 2 милиони долари, за време на скијањето на Аспен. Нивни пријател го снимил моментот на запросувањето, а видеото го објави Парис, која напиша „најромантичниот момент во мојот живот“.

https://www.instagram.com/p/BddbWwbHA0-/?taken-by=parishilton

Крис и Парис се во врска неколку години, а Парис неколкупати изјавила дека Крис е нејзината сродна душа.

„Многу сум возбудена што сум верена со љубовта на мојот живот и мојот најдобар пријател. Никогаш претходно не сум се чувствувала толку среќна, безбедна и сакана. Тој е совршен за мене во секој поглед и ми покажа дека бајките навистина постојат“, рекла таа за магазинот „Пипл“.

Ова е четврта свршувачка на Парис. Таа досега никогаш не се омажила.

Scroll to Top