(Видео) Пике се бакнува со новата девојка на трибините на „Камп ноу“

Фудбалерот Жерар Пике виден е во друштво на 23-годишната девојка Клара Чиа Марти како се гушкаат и бакнуваат на трибините на „Камп ноу“ по неговиот последен натпревар, кој го одигра во дресот на Барселона.

Видеото е објавено од шпанската спортска телевизија „Гол плеј“, која го снимила интимниот момент, и на „Твитер“ со видеото напиша:

„Првиот бакнеж со Жерар Пике по неговиот емотивен проштален говор од фудбалот. Дефанзивецот го сподели овој посебен ден со своите најблиски“, стои во објавата.

Пике, кој објави дека се разделува од Шакира во јуни поради шпекулации за изневерување, наводно ја запознал Клара додека таа работела на настани во неговата продукциска куќа „Космос“.

Не е познато дали нивната романса почнала пред или по раскинувањето со пејачката Шакира, но според приказната на папарацото Жорди Мартин за шпанскиот „Маг“, фудбалерот максимално се трудел да ја налути Шакира, па намерно се појавува со својата нова девојка на места на кои би можел да се сретне со пејачката, а посетуваат и места, каде што знае дека некој може да ги види.

Scroll to Top