Пилотот кој го управувал авионот, во моментите додека го спуштал леталото на пистата, наеднаш решил да направи уште еден круг. Причина за тоа бил друг авион кој пребавно се движел на пистата.
Со цел да не дојде до катастрофа, пилотот на авионот во кој се наоѓале принцот Хари и војвотката Меган, на своја рака решил повторно да се крене во воздух и да направи уште еден круг.
„Уште еден авион се најде на пистата, но тој беше пребавен. Поради него не можевме да слетаме. Одлучив да го прекинам слетувањето, затоа што бевме премногу блиску“, објаснил пилотот.
Од палатата од Кенсингтон, сеуште се немаат огласено по овој настан. Веднаш по инцидентот, кралската двојка на крајот излегла од авионот со насмевки на лицето.
WATCH: A plane carrying Prince Harry and Meghan Markle had to abort its landing at Sydney airport because there was another aircraft on the runway
The flight landed safely a few minutes later #RoyalTour pic.twitter.com/JKsZvd25u8
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) October 26, 2018