(Видео) Плејбој-зајачица избегна затвор, го прекршила карантинот снимајќи во пустина во Дубаи

Канадската манекенка Дора Родригез, во март се преселила во Дубаи за да снима во пустина, не знаејќи дека на тој начин го прекршила карантинот. Таа се оправдала дека не знаела дека потребна ѝ била пишана дозвола за снимањето и излегувањето од хотелската соба, пишува „Дејли Мејл“.

Дора одлучила да го напушти градот и да се снима разголена среде пустина. На тој начин ја прекршила изолацијата. „Дејли Мејл“ пишува дека таа не знаела, или се правела дека не знае, дека во периодот на карантин, жителите на Обединетите Арапски Емирати, не смееле да ги напуштат домовите без пишана дозвола.

Иако мерките се олабавени и понатаму се на сила казните од 800 долари, за сите оние кои не носат маска во јавност и не ја почитуваат социјалната оддалеченост.

Дора се преселила во Дубаи поради договорот кој го имала со една манекенска агенција. На крајот минала два месеци во хотелската соба.

„Дубаи беше празен и тивок. Никогаш не сум видела такво нешто“, изјавила таа пред медиумите, опишувајќи ја нејзината прошетка низ празните улици.

 

View this post on Instagram

 

“An exotic butterfly 🦋 “ – @dorarodriguez.es ‘ BTS fashion shoot with @gabrielrphotography @erinakuznetsova

A post shared by Dora Rodriguez (@dorarodriguez.es) on

Дора се најде на насловната страна на јануарското издание на јужноафриканскиот „Плејбој“, а таа тврди дека иако го прекршила карантинот, внимавала на мерките на безбедност.

„Цело време носев маска, сè до моментот додека не стигнав на снимањето“, изјавила Дора, додавајќи дека маската морала да ја симне, за да може да позира.

„Нејзиното позирање и засмтало на полицијата.

„Мислев дека ќе ме уапсат, па веднаш трчајќи им побегнав со колата“, открила таа.

Scroll to Top