(Видео) По 20 години, Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно заедно и на спот

По 20 години, актерот Бен Афлек (49) повторно се појави во спот на Џенифер Лопез (52), откако претходно ѝ беше гостин во спотот за хитот ‘Jenny From the Block’.

Овој пат се работи за песната „Marry Me“, каде што таа прикажува дел од нејзиниот секојдневен живот, почнувајќи од проби и подготовки за настапи, до нежни моменти со партнерот Бен кој суптилно се појавува. Тој се гушка со Џенифер во кревет, смеејќи се, а во еден момент и ја држи за раце. Неговото лице не се гледа цело време.

Слична како и оваа е улогата на Бен во претоходниот спот за песната ‘Jenny From the Block’, во кој Џенифер прикажува ситуации од нејзиниот секојдневен живот кои ги следеле папараците.

Пејачката во едно неодамнешно интервју откри и како се чувствува со него.

„Се чувствувам многу среќна и горда што сум со него“, изјави таа тогаш за Пипл, додавајќи дека никогаш не била во подобра форма.

Scroll to Top