(Видео) По 20 години Бен Афлек повторно се појави во новиот спот на Џенифер Лопез

Глумецот Бен Афлек по 20 години повторно се појави во новиот спотот на Џенифер Лопез. Тој пред две децении исто така се појави во видеото за песната Jenny From the Block, а сега глуми во нејзината нова песна Marry me.

Џенифер објави делови од новиот спот во кој покажа делови од секојдневниот живот. Од нејзините проби и подготовки за настапите, до заедничките моменти минати со Бен.

Глумецот се појавува суптилно. Двајцата се мазат во кревет, а таа се насмевнува. Во еден момент тој ќе ја држи за рака, но нема да му се гледа лицето.

И во претходното видео од пред 20 години Џенифер исто така прикажа делови од нејзиниот живот додека ја следат папараците. Таа во неодамнешното интервју откри како ѝ е со Бен.

„Се чувствувам толку среќно и гордо што сум со него“, рече Џенифер за People.

За потсетување, Џенифер и Бен беа заедно од 2002 до 2004 година, и иако беа свршени, решија да се разделат наместо да се венчаат. Минатата пролет повторно почнаа да се гледаат. Но, во интервјуто Лопез открива дека ѝ било страв пак да не се повтори тажниот дел од приказната.

Scroll to Top