(Видео) По 80 филма, Сталоне, конечно, ја сними првата ТВ-серија во кариерата

Силвестер Сталоне глуми мафијаш во „Кралот на Тулса“, првата ТВ-серија што ја сними во животот. Тој до сега сними 80 филмови во неговата кариера.

Серијата на „Парамоунт плус“ раскажува за мафијаш од Њујорк кој излегува од затвор по 25 години и оди да живее во Тулса.

Сталоне (75) на премиерата на серијата во САД рече дека работата на телевизија е многу потешка од снимањето филмови.

„Не се каам што конечно прифатив да снимам серија, ама од овој аспект, снимањето филмови сега ми се чини како одмор“, рекол тој.

На ИМДБ, серијата има просечна оценка 8,4 од 10, а на „Ротен томатос“ ја препорачуваат 86 отсто од гледачите.

Scroll to Top