Актерот Ентони Хопкинс се вакцинираше против коронавирус, откако помина една година во карантин. Тој самиот реши да не излегува од дома и да нема контакт со луѓе. Видеото од вакцинирањето го објави на Инстаграм.
„Ова е светло на крајот од тунелот, по една година самонаметнат карантин“, напиша Хопкинс.
Обожавателите му испратија пораки со поддршка. Хопкинс е во ризичната група од коронавирусот, бидејќи неодамна наполни 83 години.
View this post on Instagram