(Видео) По изборниот пораз, Трамп и Меланија првпат видени заедно

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија, првпат биле видени заедно во јавност по изборниот пораз.

Двојката беше видена на Денот на ветераните, на гробиштата во Арлингтон, каде што им оддадоа почит на паднатите борци од Првата светска војна.

За време на церемонијата беше интонирана американската химна, а војниците беа почестени и со пукање од водот. За потсетување, демократот Џо Бајден беше прогласен за нов победник на САД по изборите одржани на 3 ноември.

Трамп и понатаму одбива да ги признае резултатите и најави многубројни правни процеси затоа што смета дека дошло до изборна кражба.

Според последните резултати, Трамп ја освои Алјаска, па актуелниот претседател собра 214 електорски гласа, а на Бајден засега му припаднале 290. За победа неопходно е да освои 270 електорски гласа.

Scroll to Top