(Видео) По кавгата за Меган, Пирс Морган го напуштил студиото и си дал отказ

Познатиот британски водител Пирс Морган, кој ја водеше утринската емисија „Добро утро Британија“, си поднел отказ по кавгата со неговиот колега во шоуто, на темата интервјуто на Меган Маркл и Хари, кај Опра Винфри.

Морган бил поканет од неговиот колега Алекс Бересфорд во шоуто да го коментира интервјуто на Меган и Хари. За време на разговорот, Морган бил испровоциран од Алекс и станал и си заминал среде снимање. Подоцна медиумите пренесоа дека дал отказ и повеќе нема да го води шоуто.

„Разбирам дека не ја сакаш Меган, тоа многу пати им го соопшти на сите во ова шоу и разбирам дека сте биле приватно поврзани со неа сè  додека не ве отфрлила. Но, таа има право на тоа ако сака. Дали некогаш таа зборувала за тебе? Не мислам така, а сепак не престануваш да ја клеветиш”, вели Бересфорд во разговорот со Морган.

Во тој момент, Морган станал, кажал дека му е доста и си заминал од сетот.

„По дискусијата со ITV, Пирс Морган одлучи дека сега е време да ја напушти емисијата Good Morning Britain. ITV ја прифати неговата одлука”, се вели во официјалното соопштение.

Scroll to Top