Две години откако познатиот музичар Принц починал, обвинителството одлучило дека нема да подигне никакви обвиненија, затоа што наводно не е возможно да се утврди како тој ги набавил лековите кои на крајот го убиле.
„Едноставно немаме доволно докази да обвиниме некого за злосторот во врска со смртта на Принц“, изјавил обвинителот од округот Карвер Марк Мец, на конференцијата за новинарите, по двегодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.
Принц бил пронајден мртво во својот дом во Пејсли парк во Минесота, на 21 април 2016 година.
Како официјална причина за неговата смрт било наведено предозирањето со фентанил, кој се користи против болки, но е 50 пати посилен од хероинот.
Мец додал дека не постојат докази дека апчињата кои Принц ги земал, му биле препишани од лекар, пренесува Ројтерс. Тој додал дека доказите покажуваат дека Принц мислел дека зема „Викодин“, лек кој му бил препишан, а не лек кој содржи потенцијален смртоносен фентанил, додава Би-Би-Си.
Во меѓувреме, полицијата објавила снимка која настанала за време на смртта на Принц. Во прашање е видео материјал на кој може да се види како музичарот влегува во ординација во посета кај својот доктор.