(Видео) Поранешната двојка Пи Диди и Џенифер Лопез донираа три милиони долари за болниците

Популарниот американски рапер Шон Комбс, познат како Пи Диди, собра околу половина милион евра кои ќе ги донира во најсиромашните земји на светот, за да им овозможи медицинска опрема.

Раперот одлучи да му помогне на светот кој во моментов се бори со пандемијата на коронавирусот. По тој повод во неделата на социјалните мрежи, тој организираше танц-програма, со цел собирање на парични средства за непрофитната организација Direct Relief.

На својата лај програма тој ја покани и неговата поранешна партнерка Џенифер Лопез, која танцуваше во друштво на нејзиниот вереник Алекс Родригез. Во текот на деведесетите години, Лопез и Пи Диди беа три години во врска. Но, и по раскинувањето, двајцата останаа во добри односи.

Раперот во текот на емисијата го придржуваа тројцата синови. Бројни фанови коментираа дека ова јавување во живо им го разубави престојот во карантин.

Scroll to Top