(Видео) Постхумно објавена нова песна на Авичи, за еден ден има над милион преслушувања

 На Јутјуб каналот објавена е новата песна на од  починатиот шведски диџеј Авичи, од постхумниот албум кој официјално ќе биде објавен на 6 јуни, оваа година.

Песната беше објавена вчера, а веќе до денес, 11 април, има над 1 милион преслушувања. Видеото кое е направено за овој сингл содржи трогателни пораки кои фановите ги објавуваа на социјалните мрежи после веста за смртта на Авичи.

Во песната учествува и Алое Блак, човекот чиј вокал се појавува во најголемиот хит на Авичи, „Wake Me Up“.

„Откако Тим почина, обожавателите од сите страни на светот праќаа пораки на Avicii.com. Овој е нашиот начин на кој сакаме да им се заблагодариме за љубовта и поддршката“, стои во описот од видеото .

На 20 април ќе биде одбележана првата годишнина од смртта на славниот диџеј, кој си го одзеде животот на одмор во Оман.

Scroll to Top