(Видео) Позната манекенка се струполи по скали по најавата на Виенски бал

Познатата австралиска манекенка Ел Мекфирсон имаше инцидент додека се симнуваше од бина, каде го најавуваше Виенскиот бал.

Убавата Ел шармантно и се заблагодаруваше на публиката, но симнувањето по скалите не помина како што мислеше. Во еден момент се сопна и падна, а соработниците и помогнаа бргу да се исправи.

Иако во прв момент била нервозна и им рекла на снимателите да ги изгаснат камерите, по неколку минути се насмеала и им дофрлила дека се е во ред, на што добила аплауз од присутните.

„Толку блицеви имаше околу мене што не можев да видам каде одам. Би било добро да ни дадете малку простор“, изјави манекенката.

Scroll to Top