(Видео) Познатата актерка не можеше да стане од кревет бидејќи фустанот и беше претесен, снимката е хит

Ен Хетавеј стана хит на социјалните мрежи откако објави видео на кое се гледаат тешкотиите со кои се соочувала поради премногу тесниот фустан.

Актерката на Инстаграм објави фотографија на која позира во црвен кожен тесен фустан од дизајнерката Донатела Версаче, која позира со неа. Во продолжение на објавата, Ен сподели видео во кое покажа како не може нормално да седне, но не може ниту да стане од каучот.

„Помогнете ѝ, таа не може да се движи“, вели Донатела на видеото додека актерката се извива на каучот и вели: „Добро сум, се е во ред! Мило ми е што ме поканивте во Милано“.

Инаку, Ен Хатавеј гостуваше на модната недела во Милано, каде е снимено ова вирално видео кое само на нејзиниот профил е прегледано речиси два милиони пати.

Scroll to Top