(Видео) Познатите на Тикток се трудат изолацијата да им биде забавна

Познатите, како и сите останати,  деновите ги поминуваат дома и редовно на социјалните мрежи ги повикуваат следбениците да го направат истото, а многумина се трудат да ја направат изолацијата забавна.

На социјалните мрежи овие денови особено се истакна една забавна платформа Тикток. Многу од ѕвездите одлучија да се придружат на оваа релативно нова социјална мрежа на која моментално најпопуларно е да се објавуваат видеа од танцување.

Познатите дами кои особено ги изненадија обожавателите се актерката Џесика Алба и манекенката Емили Ратајковски.

https://www.instagram.com/p/B-As8wghMMX/

Џесика објави неколку видеа во кои танцува со ќерките Хавен и Хонор.

И Ратајковски ги расположи фановите, а  покажа и интересен танц кој лесно можете да го научите.

Уште некои ѕвезди се истакнаа на Тикток, како Џенифер Лопез, Бела Хадид, Алекс Родригез и сл.

Scroll to Top