Принцезата Шарлот знае како да стане ѕвезда на секоја свадба. Таа беше деверуша на свадбата на нејзината тетка Пипа Мидлтон и на чичко и Хари, а сега дојде на ред и венчавката на братучетката на нејзиниот татко, принцезата Јуџин.
Веќе искусна во таа улога, Шарлот беше потполно опуштена кога влезе во капелата, каде што беа други деца и брат и Џорџ.
Шарлот, која ја споредуваат со нејзината баба Елизабета, во еден момент толку се внесе во мавтањето на насобраните граѓани што заборави на протоколот. Луј де Живанши, момчето кое ја држеше за раката, се сопна и падна во тој момент.
Додека леди Луисa Виндзор, сестра на принцезата Јуџин, се обидуваше да го крене, ветрот и го подигна синиот фустан, па сите видоа дека носи црни килоти.