Принцот Хари доживеа непријатен момент пред судот во Лондон. Принцот во еден момент случајно се судрил со фотограф, додека пристигнувал во Високиот суд во Лондон на сослушување против издавачот на весникот „Дејли мејл“.
Хари придружуван од обезбедувањето се упатува кон вратата на судот, а на пат случајно му се испречил еден од насобраните фотографи, а принцот удрил во него.
Да потсетиме дека Хари поднесе тужба против „Асосиејшед њуспеперс“ заедно со други познати личности, вклучувајќи ги пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг и режисер Дејвид Фурниш и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.
Според соопштението објавено во октомври од адвокатите на Фрост и Хари, случајот против „Асосиејшед њуспеперс“ вклучува наводи за прислушување телефони, автомобили и домови и плаќање на полицијата за чувствителни информации.
Why is it that the right-wing media seems so corrupt, not only in America, but in other nations as well?
Prince Harry was just seen entering London’s High Court to testify about right-wing tabloid, Daily Mail, and their alleged phone-tapping and “gross breaches of privacy”.
The… pic.twitter.com/ZoiWGNGNt3
— Brian Krassenstein (@krassenstein) March 27, 2023