(Видео) Принцот Вилијам не ја поднесува Меган Маркл

На социјалните мрежи се појави нова снимка од кралското семејство, која само ги потврди гласините дека принцот Вилијам не ја поднесува Меган Маркл, сопругата на неговиот помлад брат принцот Хари.

Меган на снимката која е направена за време на божиќната миса, се обидува да го праша нешто својот девер, но тој ја одбегнува вртејќи ја главата во спротивнен правец. Истовремено претерано долго го мести својот шал.

Многумина во јавноста ваквиот потег на принцот Вилијам го протолкуваа како ладнокрвно игнорирање и заклучиле дека принцот не ја поднесува сопругата на својот брат.

Веќе со недели во јавноста се зборува за кавгите на принцот Хари и Меган Маркл со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Гласините за момент стивнаа по заедничките фотографии за време на мисата, на кои на повеќето од нив, двете кралски двојки изгледаат блиски и пријателско расположени едни кон други.

Scroll to Top