(Видео) Принцот Вилијам прекрши едно од кралските правила на однесување на тениски меч

Принцот Вилијам наводно прекршил едно важно кралско правило за однесување во јавност на тениски меч. Тој во четвртфиналето на Вимбелдон премногу се занел во навивањето, па на многумина им изгледаше како за момент да опцу.

Тој и неговата сопруга Кејт Миделтон од почесната ложа го бодреа Британецот Камерон Нори, кој играше против Белгиецот Дејвид Гофин.

Камерата го сними моментот кога принцот незадоволно реагираше, во моментите кога и самиот меч беше доста напнат.

За потсетување, на членовите на кралското семејство им е забрането вакво однесување во јавност, а голем број од фановите на Вилијам, на „Твитер“, го бранеа и коментираа дека во неговото однесување нема ништо спорно, особено затоа што се работи за навивање.

Scroll to Top