Раперот Куртис Џексон познат како „Фифти сент“, потрошил 100.000 долари и купил продавница за играчки за неговиот син во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Музичарот вели дека сакал да го израдува седумгодишниот син Сајра и да му го приреди најдобриот Божиќ во животот.
„Кога побарав од мојот татко цела продавница за играчки за Божиќ, не мислев дека ќе направи вакво нешто. Фала ти тато. Ова е најдобриот Божиќ досега“, пишува во статусот на Сајра на „Инстаграм“.