Американски рапер Ник Бликски е застрелан во Бруклин во престрелка со огнено оружје, а од прострелните рани починал во болница, потврдила полицијата, пренесе „Њу Јорк Пост“.
Бликски, роден како Никалаус Томсон, пронајден е на улица во локва крв откако бил застрелан во торзото, велат од полицијата, а на социјалните мрежи неговите пријатели, соработници и фанови веќе се опростуваат од младиот рапер.
“Седум пати беше пукано во него, изгледаше како да е мртов“, изјавил сведок на престрелката.
Само неколку часа пред да биде убиен, Ник на социјалните мрежи објавил фотографија од новиот албум, кој требало да излезе на почетокот на јуни.
-Дали сте спремни? Коментирајте ако сте- напиша тој, а само неколку часа подоцна музиката падна во втор план а неговите фанови изразуваа сочувство.