Светската поп-пејачка Ријана ги исмеала муслиманите на нејзината последна ревија за долна облека, пренесуваат светските медиуми. Песната која поп-ѕвездата ја искористила на нејзината ревија содржи свет исламски текст хадис, кој според верувањата на муслиманите, ги изговорил пророкот Мохамед за неговиот живот. Ваквата песна длабоко ги повредила чувствата на секој муслиман, пренесуваат медиумите.
Видеото кое се најде на социјалните мрежи ги прикажува манекенките кои ги носат парчињата облека на Ријана, Savage x Fenty, додека во позадина се слуша песната Doom, од лондонската продуцентка Коукоу Чоли.
there’s really no way we can let this slide like a straight up HADITH???? rihanna baby you screwed up HARD pic.twitter.com/gxUOvtHGn5
— N⁷₁₁₇ ♡’s yami (@TAEHYUNGGOODBOI) October 4, 2020
Ваквата песна предизвика лавина негативни коментари, особено од страна на муслиманите, чии чувства поп-ѕвездата ги повредила. Споменатата песна содржи свет исламски текст хадис. Спорниот музички исечок во ремикс е забрзан, но оние кои знаат за што се работи, лесно ги препознале зборовите и нивното потекло.
View this post on Instagram
#SAVAGENOTSORRY bih! 🤷🏿♀️ VOL. 2 of the @savagexfenty show TOMORROW on @amazonprimevideo
На социјалните мрежи револтираните муслимани барале од Ријана да се извини за овој непромислен чин, кој длабоко ги повредил и затоа што си поиграла со нивните чувства за нешто што тие го сметаат за свето.
Тие пишуваат дека поп-ѕвездата не ја почитува нивната религија и дека повеќе тоа не можеле да го игнорираат. Тоа за нив бил голем пропуст и срамота. Некои ` забележаа на Ријана дека со години била во врска со муслиман и дека морала да знае подобро од ова.