(Видео) Роби Вилијамс со среден прст го отвори мундијалот

Роби Вилијамс, англиската поп-ѕвезда задолжена за шоуто, со покажување на среден прст кон камерите го отвори Мундијалот во Русија.

Ова најверојатно беше реакција на некои коментари во Англија кои му замераа што воопшто решил да пее во Русија.

Неговиот гест брзо завршил на социјалните мрежи и во медиумите. Не мина ни незабележано кај англиските фудбалери.

Дефанзивецот на Тотенхем и репрезентативец на селекцијата на „трите лава“, Кајл Вокер ваквиот потег го искористи да се пошегува со својот соиграч од Тотенхем Деле Алија.

„Убаво од Роби што го поздрави Деле Алија“, напишал Вокер во пораката.

 

Scroll to Top