Пјотр Листерман, сопственик на ВИП агенцијата за спојување парови во светот на славните, во интервју за украинскиот Gordonua.com, зборуваше за многу свои клиенити, но најмногу внимание привлече неговата изјава дека Кристијано Роналдо е геј. Тој вели дека ја договорил врската меѓу фудбалерот и руската манекенка Ирина Шајк во 2010 година, за да му го подобри имиџот на Роналдо.
„Вистина е дека јас ги споив. Тоа требаше да биде маска која требаше да му донесе дополнителна популарност. Кристијано сакаше млади момчиња, но не сакаше да ги разочара своите фанови. Подоцна можеби се вљубија, но на почетокот добро ги играа своите улоги. Јас бев добро платен за моето посредување“, тврди Листерман.
Тој рекол и дека во текот на својата долгогодишна работа споил многу двојки, а меѓу нив и тенисерката Мартина Навратилова и поранешната мис Јулија Лемигова.