Играчот на Јувентус Кристијано Роналдо се разочара по мечот меѓу Португалија и Холандија, кога на крајот дозна дека не е избран за најдобар фудбалер на Лигата на нациите.
Прогласувањето се случи по финалето меѓу Португалија и Холандија. Роналдо, кој ја очекуваше оваа награда, го промени изразот на лицето, откако спикерот соопшти дека наградата заврши во рацете на Бернардо Силва.
Двајцата беа еден до друг кога официјалниот спикер соопшти дека најдобар е фудбалерот со број 10 на дресот. Силва доби честитки од соиграчите, но не и од Кристијано Роналдо.