(Видео) Роналдо се вклучи во емисија во живо и ја воодушеви Португалија

Кристијано Роналдо е причината што многу деца во светот, но, пред сѐ, во Шпанија и Португалија, решиле да почнат да играат фудбал и да одат по неговите стапки. Откако минатата недела Лионел Меси му го разубави денот на еден млад аргентински обожавател, кој сакаше да се сретне со него, слично нешто направи и Роналдо, кој му подготви изненадување на младиот Родриго.

Младиот португалски фудбалер, кого го нарекуваат Родригињо, е голем талент кој допрва треба да се развие. Тој гостуваше во емисијата „Хора до Фаро“, каде што ја слушна пораката од Кристијано Роналдо, а по барање на својата сестра Катија Авеиро. Момчето не можеше да ги запре солзите од среќа.

„Здраво Родриго, сакам да ти испратам многу силна прегратка и да ти кажам дека треба да го искористиш твојот потенцијал. Сестра ми Катија ми кажа дека си бил голем талент. Само продолжи да го следиш својот сон и работи напорно за да добиеш шанси во твојот живот. Ти посакувам сѐ најдобро во иднина. Голема прегратка, пријателу мој“, му порача Роналдо на момчето.

Scroll to Top