Покрај успешната актерска кариера, Салма Хајек е активна членка на социјалните медиуми.
Таа често објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а сака да разговара за рутините за убавина и модните трендови со својата женска публика.
Овој пат, таа објави атрактивна фотографија во бело бикини и не се срамеше да ја покаже својата фигура пред целиот свет.
Како што можете да видите, Салма гордо ги откри своите прекрасни облини и бујни гради, а оваа фотографија беше дел од моден едиторијал за списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ за мексиканскиот пазар.
Покрај завидната фигура, актерката го покажа и своето стомаче, докажувајќи им на многумина како всушност изгледа вистинската убавина кај жената.
Својот стил го надополни со дискретни додатоци, минимална шминка и таканаречена влажна фризура.
Фото: принтскрин