(Видео) Салма Хајек со сопругот го чистат од ѓубре дното на Мртво море

Актерката Салма Хајек со сопругот Франсоа Анри Пино нуркаат и го чистат дното на морето во Јордан од ѓубре. Облечени во нуркачки костими и опремени со соодветна опрема, актерката и сопругот објавија видео на Инстаграм за да пренесат порака за чисти води.

„Под вода сите го делиме ѓубрето. Да ја споделиме одговорноста за иднината со чисти океани“, напиша актерката.

Таа неколку дена престојува во Јордан, а поради посветеноста на заштитата на животната средина доби бројни пофалби од своите обожаватели.

„Правиш одлична работа“, „Се надевам дека ќе ги инспирираш другите луѓе да се грижат за животната средина вака“, „Браво. Важно е да се отстрани ѓубрето, но многу поважно е да се создаде свест да не се фрла во морето“, „Одлично, многу се гордееме со тебе Салма“, се дел од коментарите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Scroll to Top