(Видео) Се криев во багажникот за да се спасам од фановите: Меган кај Елен зборуваше за почетоците на глумачката кариера

Меган Маркл беше гостинка во шоуто на американската водителка Елен Деџенерес. Елен објави кратко видео од разговорот, во кој тие зборуваа за почетоците на кариерата на Меган и периодот пред таа да го запознае Хари.

Меган ѝ рече дека поради аудициите што ги имала, често доаѓала во зградата на Warner Bros, каде што сега го снимаат шоуто и дека на паркингот се криела во багажникот на стар „форд“ со расипани брави. Таа се криела за да се спаси од фановите што ја преплавиле и често ѝ приоѓале да ѝ посакаат среќа.

„Ќе паркирав некаде на некое ќоше и ќе го отворен багажникот. Ќе влезев во него и потоа ќе лазев преку седиштата“, рече Меган низ смеа и додаде дека кога ќе ја фателе, таа се преправала дека пребарува нешто во багажникот.

Scroll to Top