(Видео) Се ожени фудбалерот Месут Езил, Ердоган му беше кум

Фудбалерот на Арсенал Месут Езил направи свадба во Истанбул, а кум му беше турскиот претседател, Репџеп Тајип Ердоган.

Германскиот репрезентативец кој има турско потекло се ожени со поранешната мис на Турција, Амине Гулсе, а свадбата беше одржана пред 300 гости во луксузен хотел на Босфордот, пишуваат германските медиуми.

Младенците се откажале од подароците и имале желба да покренат хуманитарна акција за спас на 1000 детски животи. Собраните пари од гостите требало да бидат исплатени за операции.

Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Езил се ожени во Истанбул, а кум на неговата венчавка беше турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

Езил, кој е роден во Германија, лани наиде на критики во германската јавност кога позираше заедно со Ердоган, непосредно пред изборите во Турција. Тој никогаш не криеше дека го поддржува Ердоган.

Scroll to Top