(Видео) Се шири старо интервју со Меланија, ја прашаа дали е со Трамп само поради богатството: „Модел (28) и автомеханичар (53) – баш не функционира“

Старото интервју на Меланија Трамп од 1999 година, кога таа реагираше на обвинувањата дека имала афера со Доналд Трамп, повторно стана вирално на социјалните мрежи.

Иако во моментов се опкружени со разни интриги, вклучително и тврдења дека нивниот брак бил само публицитет, Меланија порано говореше поинаку.

Веста дека 28-годишната манекенка е во врска со Трамп, кој во тоа време имал 52 години, природно предизвика гласини дека сè се врти околу неговото богатство. Во интервју за Еј-би-си Њуз, Меланија беше директно прашана дали е со Трамп поради парите.

„Знаете, тие луѓе, тие не ме познаваат. Луѓето што зборуваат така дефинитивно не ме познаваат“, рече таа, но новинарот додаде дека не може често да се видат на пример 28-годишна манекенка и 53-годишен автомеханичар заедно.

„Знаете што, не можете да спиете со убави работи, да ги прегрнете или да разговарате со нив, со убав стан, убав авион, убави куќи, не можете да го направите тоа. Се чувствувате многу празно и ако некој каже дека сум со тој човек затоа што е богат и славен, дефинитивно не ме познава“, заклучи таа.

Во истото интервју, Меланија откри и дека, доколку стане прва дама, ќе биде многу традиционална како Џеки Кенеди и сигурно ќе го поддржува својот сопруг во секое време.

Меланија и Доналд Трамп се запознаа во 1998 година, набрзо почнаа да се забавуваат и се венчаа дури во 2005 година. Само една година подоцна, го добија нивниот син, Барон.

Scroll to Top