(Видео) „Сексот и градот“ на 9 декември, пуштена е и првата најава за серијата

„Сексот и градот“, на 9 декември ќе ја има својата прмиера. Од вчера е објавена и највата за минисеријата со 10 епизод. Новата серија насловена And Just Like That, ќе се емитува на нивниот стриминг сервиз „Ејч-би-о макс“. Во новиот проект се вратија Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо, Синтија Никсон во улогата на Миранда Хобс и Кристин Дејвис како Шарлот Јорк, но не и Ким Катрал која ја глумеше Саманта Џоунс.

„Сексот и градот“ е една од најуспешните серии изминатите дваесет години. Се емитуваше од 1998 до 2004 година. Освои седум Еми награди, а потоа врз база на серијата се снимија два филма, во 2008 и 2010 година.

Scroll to Top